22. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА

На 20 ноември по дваесет и втори пат го чествувавме Светскиот ден на филозофијата. По традиција, настанот беше отворен со Мал концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески. Собирот со пригодна реч го поздравија деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески и раководителот на Институтот за филозофија, проф. д-р Ана Димишковска. Круна на свечениот сегмент од Програмата беше доделувањето на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 година, којашто му припадна на проф. д-р Љубомир Цуцуловски.

Стожерен дел од 22. одбележување на Светскиот ден на филозофијата претставуваше симпозумот на тема: ФИЛОЗОФИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО. На него со свои излагања учествуваа девет (9) истакнати филозофи и истражувачи, поделени во две сесии (Стивен Фридман, Љубомир Гајдов, Ана Димишковска, Јасмина Поповска, Марија Тодоровска, Милан Ѓорѓевиќ, Данка Јовева, Бошко Караџов и Игор Поп Трајков).

You may also like...