17. Светски ден на филозофијата 2020

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 17-ти пат го одбележаа Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, традиционално се одбележува третиот четврток од месец ноември и се слави низ целиот свет, со фокус на вредноста и придобивките на филозофијата.

Годинава, стожерен дел на прославата беше симпозиумот на тема „ПРОМИСЛУВАЊЕ НА ПАНДЕМИИТЕ“ во којшто во три блок сесии зедоа учество тринаесет (13) реномирани филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата и странство.

Во првата сесија, која ја модерираше проф. д-р Ана Димишковска учествуваа:
проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Радомир Виденовиќ, м-р Филип Трајковски и проф. Љубомир Гајдов.

Втората сесија ја модерираше проф. д-р Трајче Стојанов и во неа учествуваа:
д-р Мартин Поповски, емеритус проф. сци д-р Самуел Садикарио, проф. Росано Чолаков,
доц. д-р Лидија Ковачева и проф. Даниела Николова.

Третата сесија беше модерирана од проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ и на неа зедоа учество:
проф. д-р Јасмина Поповска, д-р Бошко Караџов, проф. Владимир Ѓуровиќ и
докторанд Игор Поп Трајков.

Симпозиумот „ПРОМИСЛУВАЊЕ НА ПАНДЕМИИТЕ“ претставува прв систематски промислен облик во нашата земја, во поширок (филозофски и мултидисциплинарен) контекст во кој се говореше и дискутираше на тема пандемија.
Настанот се одржа на 19 ноември (четврток) преку Zoom – дигиталната платформа, со почеток во 10:00 часот.