12. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА 2015

Светскиот ден на филозофијата, востановен од УНЕСКО во 2002 година, Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет и Филозофското друштво на Македонија ќе го одбележат со пригодни дводневни активности на 19-20 ноември.

На првиот ден (четврток) се одржи промоција на новиот број на списанието „Филозофска трибина 18“, а негов промотор беше доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ. Потоа Филозофското друштво на Македонија додели благодарници и прогласи за почесни членови истакнати поединци кои во изминатиот период придонеле за развојот на филозофската култура кај нас. Подоцна, со пригодна реч на Љубомир Гајдов и д-р Марти Поповски, како и прикажување на документарниот филм „Три животи“ се одбележаа 90-години од животот на академик Јордан Поп-Јорданов. Програмата за овој ден заврши со пригодна реч на проф. д-р Иван Џепароски и прикажување на документарниот филм „Георги Старделов“ со што се одбележат 85-години од животот на академик Георги Старделов.

Вториот ден (петок) беше целосно посветен на симпозиумот на тема: ФИЛОЗОФИЈАТА И ПОЛИТИКА. Во три сесии со издвоен простор за соодветни дискусии на симпозиумот учество зедоа: академик Георги Старделов, академик Владо Камбовски, проф. д-р Ферид Мухиќ,
проф. д-р Јованка Кепеска, Љубомир Гајдов, проф. д-р Весна Томовска, доц. д-р Бошко Караџов, доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ, доц. д-р Јордан Шишовски, доц. д-р Трајче Стојанов,
д-р Марија Тодороска, доц. д-р Вангел Ноневски, м-р Душица Ѓокиќ и Лазар Гогов.

Сите настани се одржаa во Свечената сала на Филозофскиот факултет.