СЕДМИ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛОЗОФСКИ ДИЈАЛОГ „ИСТОК-ЗАПАД“

Филозофското друштво на Македонија заедно со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин, Свети Николе – Битола и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје месецов го одржаа 7. Меѓународен философски дијалог „Исток – Запад“.

Темата на годинешниот симпозиум гласеше: „Наследството на античката филозофија како мост меѓу Исток и Запад“ (THE HERITAGE OF ANCIENT PHILOSOPHY AS A BRIDGE BEETWEN EAST AND WEST). Излагањата беа организирани во пет блок сесии од кои две беа онлајн, а гости беа истакнати филозофи и истражувачи од следниве земји: Словенија, Грција, САД, Шпанија, Романија, Турција, Србија, Словачка, Тајван и Македонија. 
 
Симпозиумот се одржа од 5-7 октомври во Скопје и Свети Николе. Отворањето бше во МАНУ на 5 октомври (среда) со почеток во 10 часот.
 

 

[sgdg path=”Sliki za website/Istok-Zapad-dokumenti sajt/Istok-Zapad 2022″]

Повеќе информации може да најдете и на веб-страницата на нашите пријатели, ко-организатори на настанот Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин