Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Филозофскиот факултет при УКИМ и Филозофското друштво на Македонија се одржа 5. Меѓународен философски дијалог „Исток – Запад“. Тема на годинешниот симпозиум е „Кризата на идејата за Европа“ (The Crisis of the Idea of Europe), а гости се истакнати филозофи, научници и истражувачи од Полска, Романија, Грција, Босна и Херцеговина, Србија и С. Македонија.
Оваа платформа на интензивен философски дијалог влече корени од 2015 год., кога по идеја на нашиот пријател, британскиот философ Стивен Прист беше организиран првиот тридневен симпозиум на тема „Наука и религија“. Во наредните години теми на дијалогот беа: „Правото меѓу политиката и етиката“ (2016), „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“ (2017) и „Биоетиката на крстопат“ (2018) со учесници од: Велика Британија, Русија, Канада, Франција, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Албанија и С. Македонија.
Симпозиумот традиционално се одржува во првата седмица од октомври (2-4 октомври) во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид. Отворањето се одржа во МАНУ на
2 октомври (среда) со почеток во 11 часот.