ОСМИ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛОЗОФСКИ ДИЈАЛОГ „ИСТОК-ЗАПАД“

На 6-7 декември се одржа 8. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“. Тема на годинешниот симпозиум беше: „Филозофијата и глобалните проблеми“ (PHILOSOPHY AND GLOBAL ISSUES). Собирот се одржа во онлајн формат (во 4 сесии, по две дневно, 10:00 – 12:30 и 14:00 – 16:30) и на него учествуваа 14 филозофи/истражувачи од 7 земји: Романија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Грција и Македонија.

Организатори на оваа реномирана меѓународна филозофска дијалошка платформа се: Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија.