Прва дискусија: Mores bonos ∎ Добри обичаи (20.10.2022)
За моралот и вредностите во контекст на преданието и модерноста.
Насоки:
- Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи (1. Кор. 15,33) – меѓу различните интерпретации на обичаите и моралот;
- Моралот и морализирањето во контекст на религијата и секуларизмот;
- Христијанското сведочење во плуралистичките општества;
- Либерализмот и конзервативизмот во светлината на црковното предание;
- Мисијата и дијалогот во контекст на етиката и преданието.
Гости:
- пастор д-р Коста Милков (директор на Балканскиот институт за вера и култура)
- м-р отец Ивица Тодоров
Втора дискусија: Ut unum sint ∎ Да бидат едно (1.11.2022)
Да бидат едно (Јован 17,21). За перспективите на интерконфесионалниот дијалог и единството на христијаните.
Насоки:
- Перспективите и дебатата околу единството на христијаните во римокатоличката и православната традиција;
- Потешкотиите на патот и начините за нивно надминување;
- Еклисиолошки импликации;
- Дијалогот со нелитургиските христијански заедници;
- Мисија и прозелитизам;
- Локализирање на дискусијата – југоисточна Европа.
Гости:
- д-р Владимир Градев (професор на Филозофскиот факултет, Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“, Бугарија) и
- проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски (декан на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ – Скопје)
Трета дискусија: Canticum novum ∎ Нова песна (3.11.2022)
За древното и новото во црковната музика.
Насоки:
- Видовите на црковно пеење во литургискатапрактика;
- Црковната музика како израз и медиум на теологијата и философијата;
- Народот, клирот и пеењето во контекст на „заедничкото дело“ на црквата;
- Хеленската и византиската естетика – начела, влијанија и разлики;
- Црковното и световното во доменот на музиката.
Гости:
- проф. Игор Зиројевиќ (Институт за византиска музика „Симон Карас“ , Атина, Грција)
- м-р Георгиј Секуловски (Факултет за музичка уметност, УКИМ – Скопје)
Четврта дискусија: In deserto ∎ Во пустината (8.11.2022)
За странствувањето и подвижништвото во контекст на монашкиот и семејниот живот.
Насоки:
- Исихазмот како универзален принцип на животот во Христа;
- Парохијата и манастирот – спротиставени или комплементарни?;
- Свештеник, исповедник, духовен отец – пастирската служба и нејзините димензии;
- Монашките завети и современиот живот;
- Харизматското богословие во православната Црква – институција или заедница.
Гости:
- епископ Јаков Стобиски и
- д-р отец Добромир Димитров (асистент на Православниот богословски факултет при ВТУ „Св. св. Кирил и Методиј“, Бугарија)
Петта дискусија: Facie ad faciem ∎ Лице во лице (19.11.2022)
За личниот однос како предуслов на знаењето.
Насоки:
- Философските и богословските димензии на поимите „личност“ и „знаење“;
- Односот учител-ученик некогаш и денес;
- Универзитетот среде пандемијата КОВИД-19;
- Општеството и оттуѓувањето.
Гости:
- д-р Георги Каприев (професор на Филозофскиот факултет, Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“, Бугарија и
- д-р Владимир Петрушевски (професор во пензија, Природно-математички факултет, УКИМ – Скопје)
Шеста дискусија: In mundo ∎ Во светот (24.11.2022)
За односот на христијаните кон општеството.
Насоки:
- Секуларно општество VS секуларизација на Црквата;
- „солта на земјата“ (Матеј 5,13) – за историската мисија на христијанството;
- Од хиерархија до анархија – инхерентната дијалектика на историското присуство на Црквата во светот;
- Вера и идеологија – од симфонија до противречност;
- Црковен живот, политика и активизам.
Гости:
- д-р Давор Џалто (професор на Универзитетскиот колеџ во Стокхолм)
- д-р Јордан Шишовски (предавач на Факултетот за архитектура и дизајн,
УАКС – Скопје).
Седма дискусија: Lingua sua ∎ Сопствениот јазик (29.11.2022)
За јазикот, идентитетот и заедничарењето.
Насоки:
- Јазичниот диверзитет и единството – локални, глобални и есхатолошки импликации;
- Јазичната посебност – пречка или предуслов за заедничарење со другиот;
- Јазикот – од средство за служење до средство за потичнување;
- „Ангелските јазици“ (1. Кор. 13,1) – јазичноста и метадискурзивноста;
- Мачеништво со збор – кризата на јазикот во современото христијанство.
Гости:
- д-р Бобан Карапејовски (доцент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“,
УКИМ – Скопје) и - д-р Игор Радев (синолог, независен истражувач)
Осма дискусија: Locus ∎ Место (5.12.2022)
За свештениот простор и свештеното време.
Насоки:
- Светоста на Бога и светоста на созданието;
- Место на небото (Откр. 12,8) – есхатолошкиот „време-простор“ како архетип во литургиската уметност и архитектура;
- Света земја (Дела 7,33) – за изборот на местото за изградба на храм;
- Устројството на храмот – пропорции, светлина, звук, ритам, материјали;
- Црковната и световната архитектура – совпаѓања, разлики и взаемна поврзаност.
Гости:
- Небојша Станковиќ
- Игор Котларовски