Филмософија

МАНЧЕВСКИ: ПЕТ ЕСЕИ & MANCHEVSKI: FIVE ESSAYS
Милчо Манчевски

    издавач: Филозофско друштво на Македонија &
    Филозофски филмски фестивал

  година на издавање: 2023

 

МАНЧЕВСКИ: ПЕТ ЕСЕИ е двојазична публикација произлезена од перото на светски признаениот македонски режисер, Милчо Манчевски. Таа се содржи од пет есеи (и нивни соодветни преводи) пишувани во различен период (почнувајќи од 1994 па сè до 2022 година), коишто егземпларно кореспондираат со интенцијата на едицијата Филмософија да истражува во флуидните простори меѓу филмот и промислувањето за него.

Автор на предговорот е проф. д-р Иван Џепароски, додека дизајнот на корицата е на Катерина Тери Николовска.

Издавањето на публикацијата е поддржано од Министерството за култура.

Електронското издание од англиската верзија на публикацијата можете да ја преземете на следниот линк тука.

PHILOSOPHY AND FILM, CONFERENCE PROCEEDINGS

    издавач: Филозофско друштво на Македонија &
    Филозофски филмски фестивал 

  година на издавање: 2022

 

Зборникот произлегува од Првата интернационална конференција „Филозофија и филм“ одржана на 25 мај 2021 год. во рамките на 11. Филозофски филмски фестивал. Зборникот е на англиски јазик, а воедно претставува второ издание од едицијата „Филмософија“ на Филозофското друштво на Македонија.

Во зборникот се поместени текстови од 12 автори од цела Европа коишто пишуваат на различни теми од областа на филм-философијата: Сердар Озтурк (Турција), Сенка Анастасова (Македонија/САД), Доминик Шато (Франција), Дамир Смиљаниќ (Србија), Георгиос Арабаѕис и Евангелос Протопападакис (Грција), Дарко Штрајн (Словенија), Џон О’Меларка (Ирска/В. Британија), Наил Кенеди (В. Британија), Тијана Петковска, Бошко Караџов, Сашо Кокаланов (Македонија) и Слава Јанакиева (Бугарија). Содржината на Зборникот можете да ја погледнете тука.

Издавањето на зборникот е поддржано од
Министерството за култура.

ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ: ДИЈАЛОГ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈАТА (Inventing Peace, A Dialogue on Perception)
Вим Вендерс и проф. д-р Мери Зурнази

 

    издавач: Филозофско друштво на Македонија &
Филозофски филмски фестивал 

   година на издавање: 2020

 

ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ е книга напишана во два гласа, филмски режисер и професор по филозофија, кои преку нивниот дијалог за мирот го канат читателот на замислување и (ре)осмислување на мирот, давајќи му слика и глас, во свет преполн со насилни и дехуманизирачки слики во и вон екраните. Низ овој дијалог помеѓу филозофијата и филмот, меѓу двајца луѓе од две различни земји и два континета, меѓу две човечки суштества кои се грижат за една заедничка и хумана иднина на светот, почнуваме да ја разбираме важноста на тоа како гледаме на светот, но и улогата која филмската уметност (може да) ја има, истовремено инспирирајќи ги режисерите да се навратат на филмот како на нешто што ја зацврстува, а не избегнува стварноста (reality-enhancing vs. reality-avoiding), низ зборовите на Вендерс. Станува збор за дело кое нуди една нова и свежа перспектива, канејќи нè да влеземе во дијалог и да размислуваме за начините на кои би можеле да придонесеме кон перципирањето и креирањето на мирот преку уметноста и, поконкретно, филмот.

Издавањето на публикацијата е поддржано од
Агенцијата за филм.