21. Светски ден на филозофијата

Институтот за филозофија (Филозофија Фзф УКиМ) при Филозофски факултет – Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје) и Филозофското друштво на Македонија на 21-22 ноември го одбележаа Светскиот ден на филозофијата. Традиционално, веќе осми пат по ред, настанот беше отворен со Мал концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески (Дуо Балкан и квартет ФМУ). Собирот со пригодна реч го поздравија деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески и претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски. Потоа, следеше промоција на 35. издание на „Филозофска трибина“, за коешто промотивна реч одржа м-р Александар Богатинов. На крајот од свечениот сегмент од Програмата беше доделена наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година, којашто годинава му припадна на проф. д-р Мирко Ѓошевски.
 

Работниот дел од 21. одбележување на Светскиот ден на филозофијата беше посветен на великиот германскиот филозоф, Имануел Кант (1724-1804), олицетворен преку дводневен симпозум на тема: 300 ГОДИНИ КАНТ. На него учествуваа тринаесет (13) истакнати филозофи и истражувачи, поделени во три сесии (проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. д-р Иван Џепароски, д-р Стивен Фридман, проф. д-р Радомир Виденовиќ, проф. Љубомир Гајдов, проф. д-р Марија Тодоровска, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Поповска, проф. д-р Сања Дејановиќ, д-р Марија Тодороска, проф. д-р Куштрим Ахмети, д-р Самуел Колономос Садикарио и д-р Игор Поп Трајков).