20. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА

Институтот за филозофија (Филозофија Фзф УКиМ) при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 20. пат го одбележаа Светскиот ден на филозофијата, вообичаено третиот четврток од месец ноември, онака како што е востановен од УНЕСКО во 2004 година.
 
Настанот по седми пат беше отворен со Мал концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност, односно квинтет гитари од класата на проф. м-р Дарко Багески: Андрија Тот, Александра Трпковска, Филип Поткоњак, Луна Пиљиќ и Матеј Детељ, коишто изведоа пасажи од Жизмонти, Пиацола и Бах.
 
Пригодна поздравна реч на манифестацијата имаа деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ратко Дуев и раководителот на Институтот за филозофија,
проф. д-р Ана Димишковска.
 
Годинава за првпат свечено беше врачена нововостановената награда на Филозофското друштво на Македонија, „Константин Философ“, којашто во категоријата за животно дело му припадна на академик Ферид Мухиќ.
 
Средишен академски дел на чевствувањето беше симпозиумот на тема АДАМ СМИТ: 300 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО во којшто во две блок сесии учествуваат седум (7) истакнати филозофи, професори и истражувачи (редоследно): проф. Љубомир Гајдов,
проф. д-р Денко Скаловски, проф. д-р Стивен Фридман (САД), проф. д-р Јасмина Поповска,
д-р Бошко Караџов, проф. д-р Куштрим Ахмети и м-р Игор Поп Трајков.