16. Светски ден на филозофијата 2019
На симпозиумот на тема: „ЧОВЕКОТ КАКО МЕРА: 2500 ОД РАЃАЊЕТО НА ПРОТАГОРА“ во рамките на 16. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, учество зедоа четиринаесет (14) реномирани филозофи, професори и истражувачи.
Годинава традиционалната Беседа за филозофијата ќе ја упати проф. д-р Владимир Давчев, кој ќе зборува на тема: „Треба ли да стравуваме од вештачката интелигенција: филозофски дилеми“. Исто така, беа презентирани и резултатите од проектот на
Институтот за филозофија:„Теориска и практична надградба на предметните програми од филозофскиот корпус предмети (Филозофија, Етика, Логика, Естетика) за средно образование“ од страна на неговите носители: вонреден професор д-р Јасмина Поповска, проф. д-р Дејан Донев и вонреден професор д-р Марија Тодоровска.
Дел од годинешното одбележување беше и промоцијата на најновиот број на националното филозофско списание „Филозофска трибина“ (25) со промотивна реч на
проф. д-р Мирко Ѓошевски. По веќе вообичаениот терк за последните пет години, одбележувањето беш отворено со мал пригоден концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност (овојпат заедно и со професорот на класата, м-р Дарко Багески).
Светскиот ден на филозофијата е традиционално организиран од Институтот за филозофија при Faculty of Philosophy – Skopje и Филозофското друштво на Македонија и се одржи на 21 ноември (четврток) во Свечената сала на Филозофскиот факултет, со почеток во 9:30 часот.