15. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА 2018
На 15. ноември, 2018 се одржа симпозиумот КУЛТУРА, ИСТОРИЈА, ПОЛИТИКА —ЏАНБАТИСТА ВИКО И КАРЛ МАРКС: 350 И 200 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО, во рамките на Светскиот ден на филозофијата. Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија (Филозофија Фзф УКиМ) при Филозофскиот факултет во Скопје (Филозофски факултет – Скопје) оваа година по 15-ти пат го одбележаа денот востановен од УНЕСКО кога низ и целиот свет се слави филозофијата, со фокус на нејзината перенијална и актуална вредност и придобивки.
Настанот беше отворен со мал концерт на студентите при Факултетот за музичка уметност а овогодинешната беседа ја одржа проф. Сузана Симоновска со наслов „РАЗЛИЧНОТО ПОИМАЊЕ НА ВРЕМЕТО И РАБОТАТА ЗА ЖЕНИТЕ И ЗА МАЖИТЕ“
На симпозиумот во две блок сесии зедоа учество единаесет (11) реномирани филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата и странство.
Работно претседателство на првата сесија се: Милан Ѓорѓевиќ, Сузи Тенева, а учествуваа: Јасмина Поповска, Марија Тодоровска, Слободан Марковиќ, Бошко Караџов, и Марија Гиревска.
Втората сесија со работно претседателство: Трајче Стојанов, Кирил Трајчев свои излагања имаа: проф. Мирко Ѓошевски, Денко Скаловски, Петре Георгиевски, Љубомир Гајдов
и Данка Јовева.