14. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА 2017

Како и секоја година, во третата недела од месец ноември се одржа Светскиот ден на филозофијата. Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија (Филозофија Фзф УКиМ) при Филозофскиот факултет во Скопје (Филозофски факултет – Скопје) го одбележуваат Светскиот ден на филозофијата востановен од УНЕСКО во
2002 година. Настанот се одржa на 16-17 ноември (четврток, петок) на Филозофскиот факултет во Скопје.

На 16. ноември започнуваме со веќе традиционалниот (мал) пригоден концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност. Беседа за филозофијата оваа година одржa Анета Маркоска Чубриновска, научно-наставен соработник на Одделот за филозофија на Универзитетот Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд. Во рамките на настанот проф. д-р Ристо Солунчев го промовираше 19. издание на списанието „Филозофска трибина“ со темат: „Филозофија и политика“. Во подоцнежниот дел од програмата, гости на Филозофскиот факултет бea колеги од Групата за проучување на ангажираноста при Институтот за филозофија и општествена теорија од Белград, коишто најпрвин ги претставija нивните заеднички активности, а подоцна ги презентираа и своите поединечни истражувања.

Вториот ден целосно беше посветен на традиционалниот Симпозиум по повод Светскиот ден на филозофијата, со годинешна тема: ФИЛОСОФИЈАТА И МИРОТ. На симпозиумот слушнавме 15 излагања на наши врвни филозофи, професори, истражувачи (Ферид Мухиќ, Мирко Ѓошевски, Ѓорѓе Младеновски, Видомир Раденовиќ, Ристо Солунчев, Лидија Георгиева, Љубомир Гајдов, Бранка Минчева Коцевска, Славчо Ковилоски, Маја Стојанова, Бошко Караџов, Коста Милков, Виктор Недески, Верица Костова и Филип Трајковски). По секое излагање, публиката имаше можност да постави прашања и да влезе во дијалог со излагачите.