13. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА 2016

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 16-ти пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, секоја година се одбележува третиот четврток од месец ноември, и се слави низ целиот свет, со фокус на филозофијата и нејзините придобивки.

Годинашното чествување на Светскиот ден на филозофијата ќе биде отворено со пригоден мал концерт на трио гитари од Факултетот за музичка уметност (м-р Дарко Багески,
професор на класата, и студентите: Ѓорѓи Трајков и Виктор Драганов).

По концертот ќе следува традиционалната Беседа за филозофијата,
годинава со проф. д-р Владимир Давчев, професор на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје, кој ќе говори на тема „Треба ли да стравуваме од вештачката интелигенција: филозофски дилеми”. Во продолжение ќе бидат презентирани резултатите од проектот на Институтот за филозофија: „Теориска и практична надградба на предметните програми од филозофскиот корпус предмети (Филозофија, Логика, Етика, Естетика) за средно образование” од страна на неговите носители:
вонреден професор д-р Јасмина Поповска, проф. д-р Дејан Донев и
вонреден професор д-р Марија Тодоровска. Непосредно потоа ќе има промоција на
25. издание на националното филозофско списание „Филозофска трибина” за кого пригодна промотивна рече ќе одржи проф. д-р Мирко Ѓошевски.

Централен настан на прославата ќе биде симпозиумот на тема „Човекот како мера: 2.500 од раѓањето на Питагора” во кој во две блок сесии ќе земат учество 14 реномирани филозофи, професори и истражувачи од земјата и странство : акад. Витомир Митевски,
проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. д-р Радомир Виденовиќ, докторанд м-р Слободан Марковиќ, проф. Љубомир Гајдов, м-р Душица Ѓокиќ,
проф. д-р Ѓорѓе Младеновски, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева,
вонр. проф. д-р Марија Тодоровска, емеритус проф. д-р Самуел Садикарио,
вонр. проф. д-р Ана Кечан, и д-р Симо Георгиев.