11. СВЕТСКИ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА 2014
На 20 ноември, 2014 година (четврток) во Свечената сала на Филозофски факултет – Скопје, со почеток во 10:00 часот се одржа симпозиумот ФИЛОЗОФИЈАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО, под традиционално покровителство на Претседателот на Република Македонија. Оваа година, по свеченото отворање на настанот свое излагање имаше и Претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов. Беседата за филозофијата оваа година ја одржа проф. д-р Денко Скаловски, по што следеше и промоцијата на списанието „Филозофска трибина 16“.
На симпозиумот во две сесии зедоа учество единаесет (9) реномирани филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата. Работното претседателство на првата сесија, го сочинуваа: проф. д-р Ана Димишковска (претседател), доц. д-р Јордан Шишовски и
Кирил Трајчев проф. д-р Трајче Стојанов, своите видувања за состојбата на филозофијата во образованието го изложија: доц. д-р Марија Тодоровска, Љубомир Гајдов,
д-р Мартин Поповски. доц. д-р Бошко Караџов и Ана Дишлиеска-Митова.
Втората сесија со работно претседателство: проф. д-р Мирко Ѓошевски (претседател),
доц. д-р Јасмина Наумоска и магистранд Ана Дишлиеска-Митова, кое ја отвори сесијата со излагањето на проф. д-р Светлана Камџијаш, а свои излагања имаа и: д-р Марија Тодороска, проф. д-р Драгор Заревски и м-р Душица Ѓокиќ.