Видео од доделувањето
на наградата „Константин Философ“
за животно дело, за 2025 година
На 20 ноември 2025 год. во Салата за седници на Филозофскиот Факултет – Скопје, во рамките на 22. одбележување на Светскиот ден на Филозофијата, се одржа Свечено доделување на наградата „Константин Философ“ за животно дело, за 2025 година. Со Одлука на Комисијата во состав: акад. Витомир Митевски, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје (претседател), проф. д-р Иван Џепароски, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска, вонреден виш истражувач на Универзитетот Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд (членови), наградата му припадна и му беше врачена на проф. д-р Љубомир Цуцуловски, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје.



